Министерството за транспорт и врски ги поништи двете градежни одобренија за реконструкција и доградба на ТЦ во Штип

13.02.2018 | 17:29
Прочитано: 1737

И двете градежни одобренија за доградба и реконструкција на трговскиот центар во Штип се поништени од страна на Министерството за транспорт и врски. Тоа значи дека постапката и за надворешниот и внатрешниот дел од од објектот се враќа од почеток. Во своите решенија Министерството констатирало низа прекршувања на Законот за градење.

Недостигале документи. Дури ни градежното одобрение не е прецизно и не е јасно за што се однесува дали за доградба, надградба или реконструкција, а немало приложено и проект како ќе се реши паркирањето за новоизградениот дел.

„Не е приложен доказ за правото на сопственост на останатите делови од Трговскиот Центар со што би се потврдило колку изнесува вкупната површина на Трговскиот центар, а за која површина е потребо да се достават писмени согласности од сопствениците на посебните делови на истиот согласно член 59а од Законот за градење“, стои меѓу друготото во Решението на Министерството за транспорт и врски.

За адвокатите на компаниите кои имаат деловен простор во овој објект, поништените решенија се потврда дека постапката од страна на претходната локална власт била прекршена од почеток и покрај предупредувањата дека со тоа во центарот на Штип ќе никне дивоградба.

„Првостепениот орган во повторената постапка, ќе мора доследно да ги почитува напаствијата на второстепениот орган, на начин на кој ќе ги обезбеди сите докази на кои се  укажува и ќе ги толкува одредбите со кои се повредени материјалните прописи на начин на  и во врска како што ги толкува второстепениот орган“ - вели Панче Докузов, адвокат

Од општина Штип како орган надлежен за издавање на градежните одобренија, со краток одговор - дека општината ќе го почитува Законот.

„Се што ќе се докаже во повторената управна постапка по овој предмет и за сите наоди благовремено ќе бидат известени сите заинтересирани странки, коишто добија статус на странки во постапката“ -  велат од општина Штип.

Претходно по жалба на дел од сопствениците на деловен простор во овој објект исти одлуки, постапката да почне од почеток донесе и Вишиот Управен суд, но претходната Локална власт ги игнонираше пресудите.


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.