Могерини: ЕУ има најсилно влијание врз Западен Балкан

14.11.2017 | 09:41
Прочитано: 470

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини оцени дека дека Унијата има најсилно влијание врз Западен Балкан.

„Не сум загрижена за влијанието или присуството на кој било друг партнер врз земјите од регионот, затоа што се уверив, повеќепати, и во текот на минатата година кога земјите се соочуваа со „сложени изборни циклуси“, дека кога ЕУ е присутна со сета своја сила и усогласена, тогаш не постои друг партнер кој има посилно влијание од ЕУ во регионот“, рече Могерини во врска со руската пропаганда во регионот.

Могерини оцени дека комуникацијата на Унијата со Западен Балкан е подобрена токму поради тоа што Брисел е јасен кога вели дека иднината на регионот е во ЕУ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.