Моника Белучи во февруари во Белград

12.01.2017 | 09:37
Прочитано: 1997

Италијанската актерка Моника Белучи на 24 февруари ќе допатува во Белград. Филмот на Емир Костурица „На млечен пат“, во којшто таа и Костурица ги играат главните улоги, ќе го отвори јубилејниот 45. „Фест“ кој ќе се одржи во Белград од 24 февруари до 5 март оваа година. 

„Сите актери кои ќе учествуваат во филмот ќе се поклонат во Сава центар пред белградската публика“ потврди Емир Костурица.

Филмот „На млечниот пат“ е приказна за лекар на линијата на фронтот во време на војна, чиј живот се менува од корен со доаѓање на мистериозна Италијанка.

Актерката која ја толкува главната улога поради која морала да учи српски, изјави дека длабоко ја допрел тој приказ на љубов меѓу две возрасни личности.

„Тие не можат ништо да загубат, повеќе не се млади, а се уште веруваат во љубовта и магијата, која и натаму е можна. Мораме да мислиме дека љубовта и сексуалноста се поврзани со енергијата, а не со годините“, нагласи Белучи.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.