Мониторинг извештај за работата на судскиот совет

18.05.2017 | 20:19
Прочитано: 1421
Судскиот совет продолжува со својата нетранспарентна работа. Јавноста не е информирана за суштинските одлуки за кои се гласало, како и за аргументите за и против изборот на претседатели на судовите, ова се само дел од забелешките од вториот мониторинг извештај за работата на Судскиот совет на РМ спроведен од Институтот за човекови права.
Транспарентноста во однос на изборот и разрешувањето на судии е суштински критериум за обезбедување на квалитетно судство, вели поранешната судијка Маргарита Цаца Николовска.
 
„Јас ќе ви кажам дека за жал, јавната презентираност на овој орган не е присутна. Многу луѓе воопшто не знаат начин на бирање судии. Многу луѓе не знаат што е постоењето на Судскиот совет и на Советот за факти  “, изјави Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во ЕСЧП.
 
Според Ранко Марјан, судија на Врховниот суд и поранешен член и претседател на Судскиот совет на Хрватска, слободата и човековите права на граѓаните се неважечки на хартија ако судовите и судиите се неодговорни и недоволно стручни тие права да ги претворат во реалност.
 
„На секоја држава и треба независна судска власт, а за да се има независна судска власт треба да се има и орган кој по објективни и стручни критериуми ќе знае и може да ги избере најдобрите. Сите мора да знаат дека слободата на медиумите зависи од независното судство и тоа е еднакво како што независното судството зависи од слободата на медиумите кои ќе знаат да ја промовира независноста на судот над секоја политика.“, изјави Ранко Марјан.
 
Во периодот од февруари до април 2017 година Судскиот совет на Македонија одржал осум седници. На нив избран е претседател на Врховен суд, ВД претседател на Основен суд Скопје 1 и 85 судии поротници.
 
Донесени се и изменил дополнувања на Деловодник за работата на Судскиот совет, а не објавил годишен извештај за својата работа за 2016 година и не го доставил до Собранието, стои меѓудругото во извештајот од институтот.

Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.