Морските ѕвезди јадат корали во источното австралиско приморје

05.01.2018 | 12:30
Прочитано: 862

На Големиот Корален Гребен крај источниот брег на Австралија рапидно расте бројот на бодликави морски ѕвезди кои се хранат со корали, сметаат научниците, по што Владата најави акција за нивно истребување.

Морските ѕвезди грабливки се хранат со коралите така што се шират преку нив и потоа лачат посебни ензими за нивно разградување.

„Секоја морска ѕвезда ноќе јаде количество голема колку своето тело, и тоа со тек на време значително се зголемува. Многу од коралите ќе исчезнат“, истакнува научникот од австралискиот Институт за поморска наука, Хју Свитман.

Тоа би било голем удар и врз екосистемот и за австралискиот туризам.

Големиот Гребен, долг 2.000 километри, е всушност најголемиот корален гребен на светот и се наоѓа во Коралното Море, близу брегот на австралиската сојузна држава Квинсленд.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.