На 24 мај премиерите од Балканот на средба кај Могерини

19.05.2017 | 11:03
Прочитано: 3748

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, на неформалната вечера со претседателите на Владите на Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора, што ја закажа за 24 мај ќе ги очекува актуелните премиери на овие шест балкански држави.

Ова го потврдила  портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, како одговор на шпекулациите дека од Македонија и Србија е можно на овој состанок посветен на берлинската конференција, да присуствуваат можните идни нови премиери, по парламентарните и претседателските избори во овие земји.

„Поканата е испратена до премиерите. Ние ќе ги потврдиме имињата на оние кои ќе присуствуваат на оваа неформална вечера кога ќе бидеме поблиску до датумот“, потенцирала Коцијанчич.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.