На една германска плажа „испливале“ околу 100 илјади Киндер јајца

06.01.2017 | 11:37
Прочитано: 11442

Десетици илјади Киндер јајца биле исфрлени од море на брегот на германскиот остров Лангеог, еден ден по големата бура во овој крај.

Децата и возрасните потрчале на плажите преполни со црвени, сини и жолти пластични кутивчиња со играчки. Тие се протегале во должина од неколку километри.

„Веројатно има повеќе од 100.000 јајца“, изјави началникот на Лангеог, Уве Гарелс.

И додека децата се радувале, нему тоа воопшто не му било смешно.

„Ова е големо еколошко загадување и голема опасност за животните“, додаде Гарелс.

Властите веруваат дека Киндер јајцата потекнуваат од пет контејнери што испаднале од товарен брод во текот на бурата.

Киндер јајцата на брегот испливале без чоколадниот омот.

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.