На полноќ светлата на Ајфеловата кула ќе бидат исклучени во чест на жртвите од нападот во Египет

24.11.2017 | 20:44
Прочитано: 1561

Градоначалничката на Париз Ан Идалго изјави дека осветлувањето на Ајфеловата кула ќе биде изгаснато на полноќ во спомен на жртвите при нападот на џамија во Египет.

Идалго изрази сочувство до семејствата на жртвите и поддршка за повредените. Таа рече дека гаснењето на светлата на Ајфеловата кула ќе биде порака на солидарност од францускиот главен град, кој, исто така, страдаше од терористички напади во последниве години.

Францускиот претседател Емануел Макрон преку Твитер изрази сочувство до жртвите на нападот, при кој загинаа 235 лица, а 109 беа повредени.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.