Над 350 жртви во земјотресот на иранско-ирачката граница

13.11.2017 | 17:34
Прочитано: 691

Над 300 загинати и илјадници повредени во страотниот земјотресот на границата меѓу Иран и Ирак. По силиниот земјотрес со јачина од 7,3 степени по Рихтеровата скала кој го погоди граничниот премин меѓу Иран и Ирак, властите соопштија дека бројот на загинати постојано расте.

Разурнати куќи, згради, училишта, болници – сликата која може да се забележи по силниот земјотрес е страотна. Голем број афтершокови ги вознемируваат граѓаните по силниот земјотресот. Засолниште побарале околу 70 илјади луѓе. Укажувањето на лекарска помош е отежнато бидејќи се урнати неколку болници. Бројот на жртвите и повредените се зголемува и поради свлечиштата на ридските предели каде што се изградени многу населби. Со помош од граѓаните спасувачките екипи се на терен и неколку часа по земјотресот се пребаруваат рушевините со надеж дека ќе може да се спаси човеччки живот. По првиот потрес, имало 12 последователни со интензитет од околу 4 рихтери кои биле почувствувани и во Турција, Израел и Кувајт.

Најкритична е ситуацијата во селата. Спасувачка акција во повеќе од 40 села, според заменик гувернерот на иранската заадна провинција Керманшаах бројот би можел да расте и понатаму. Катастрофален земјотрес со десетици илјади жртви во Иран се случи и во 2003 година кога беше урнат до темел историскиот град Бам. Се тресе тлото три силни земјотреси на различни страни од светот. По земјотресот регистриран во Иран и Ирак, земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран од страна на Американскиот геолошки институт и кај источното крајбрежје на Јапонија. Тлото се тресеше и во Костарика – земјата ја погоди силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, но, за среќа, таму нема жртви, а медиумите јавуваат дека не е причинета ни посериозна материјална штета. Исто така, не е издадено ни предупредување за цунами.


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.