Најмалку десет лица загинаа при снежна бура во јужниот дел на САД

19.01.2018 | 10:49
Прочитано: 1464

Најмалку 10 лица загинаа во снежната бура што зафати неколку региони во јужниот дел на САД.

Најмалку четири смртни случаи се регистрирани во Луизијана, вклучително и стар човек кој живеел со неговата сопруга во дом без греење, пожарникар кој при укажување помош во сообраќајна несреќа удрил во друго возило, човек кој загинал во судар и дете кое загинало кога неговата мајка со автомобилот излетала во канал.

во Џорџија загинале три лица, а во Северна Каролина, Западна Вирџинија и Алабама по едно лице.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.