Најмалу 10 жртви при уривање на мост во изградба во Колумбија

16.01.2018 | 10:20
Прочитано: 503

Колумбиските власти денеска соопштија дека 10 работници загинале, кога се урнал мост што тие го граделе во близина на главниот град Богота.

Претставници на цивилната одбрана наведоа дека несреќата се случила на 95 километри од Богота.

Девет работници загинале на лице место, а десетиот починал во болница.

Се уште не е утврдено колку работници биле кај мостот во моментот на несреќата и дали има исчезнати лица.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.