Напаѓачот од „Тајмс сквер“ боледува од психичко растројство

19.05.2017 | 10:10
Прочитано: 1733

Њујоршката полиција го уапси лицето кое синоќа влета со неговиот автомобил во група пешаци на плоштадот „Тајмс сквер“ во центарот на Њујорк и при тоа загина еден тинејџер, а уште 23 лица се повредени.  

Напаѓачот е 26-годишниот Ричард Рохас од Бронкс, кој за време на сослушувањето изнел бројни вознемирувачки факти. Тој првично навел дека слуша гласови и оти очекува дека ќе умре.

Градоначалникот на Њујорк Бил Де Блазио истакна дека уапсеното лице е американски државјанин, кој е поранешен припадник на морнарицата на САД.  Њујоршката полиција го исклучи тероризмот како причина за нападот. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.