Наши иселеници се степале во Германија заради политика

12.01.2017 | 18:36
Прочитано: 14598

Иселеници од Македонија во Германија се степале во Дортмунд за Божик заради политика.

Видеото од тепачката е објавено вчера на социјалните мрежи. Според она што е објавено, забавата ја прекинале триесетина поднапиени и нервозни иселеници кои поради политика прво се скарале, па потоа истепале.

Дел од учесниците во тепачката се здобиле со тешки повреди, а меѓу повредените има и неколку жени.

Сведоците изјавиле дека за среќа не настрадале деца кои биле во голем број крај бината каде што свирела музиката, а токму таму била и локацијата каде се тепале иселениците. 

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.