НБА ја избра најдобрата петорка 2016/17 – ниту еден кошаркар на Голден стејт

18.05.2017 | 21:11
Прочитано: 2195
Избрана е најдобрата петорка во НБА-лигата за тековната сезона 2016-17, а ниту една од петте ѕвезди не е играч на најуспешниот тим во регуларната фаза, Голден стејт вориорс.
 
Предводи Џејмс Харден од Хјустон со максимални 100 гласа, а по него се Леброн Џејмс (Кливленд) и Расел Вестбрук (Оклахома) со по 99 номинации. За Леброн ова е 11. избор во најдобрата петорка, со што го изедначи рекордот на Коби Брајант и Карл Мелоун, единствените досега со ова достигнување. Идеалниот состав го комплетираат Каваи Ленард од Сан Антонио и Ентони Дејвис од Њу Орлеанс на центарската позиција.
 
Втората петорка ја предводат Стеф Кари и Кевин Дурент од Голден стејт, а избрани се уште Ајзеа Томас од Бостон, Јанис Адетокумбо од Милвоки и Руди Гобер од Јута. Во третата петорка изгласани беа Џими Батлер (Чикаго), Дрејмонд Грин (Голден стејт), Демар Дерозан (Торонто), Џон Вол (Вашингтон) и Деандре Џонрдан (ЛА Клиперс). 
 
Фановите допрва го очекуваат најинтересното, прогласувањето на МВП (најкорисен играч) за сезоната 2016-17, каде што главната битка треба да ја водат Харден и Вестбрук. Свеченото прогласување ќе се одвива утревечер, а покрај МВП ќе се бира и најдобар дефанзивец, најдобар дебитант, најдобар шести играч, играч со најголем напредок и тренер на годината.

Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.