НБРМ: Се намалува каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени

11.01.2017 | 15:15
Прочитано: 1803

Каматната стапка на благајничките записи ќе се намали за дополнителни 0,25 процентни поени и ќе изнесува 3,5 отсто, а понудата на благајнички записи ќе се зголеми од 23.000 милиони денари на 25.000 милиони денари, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

Како што соопшти НБРМ, ваквата реакција на монетарната политика е одраз на натамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти и на растот на структурната ликвидност на банкарскиот сектор.

„Сигналите за стабилизација и натаму се видливи во двата пункта каде што политичката криза имаше најголеми ефекти - девизниот пазар и депозитите во банкарскиот систем“, наведува Централната банка.

НБРМ и во текот на декември интервенира со откуп на девизи, шести месец последователно, со релативно голем износ, со што и за целата година интервенциите се во насока на нето-откуп и имаат позитивен придонес кон промената на девизните резерви.

„Воедно, првичните декемвриски податоци упатуваат на натамошен засилен раст на штедењето на населението во банкарскиот систем. Овие податоци покажуваат и изразени преференции на населението за располагање со домашна валута. Поволните остварувања се забележуваат во услови на натамошни позитивни оцени за стабилноста на економските фундаменти“, информира НБРМ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.