Несовпаѓање со впишаната квадратура и предвидената во проектот за трговскиот центар во Штип

13.10.2017 | 18:52
Прочитано: 2110

Општина Штип повторно го крши законот во постапката за издавање градежно одобрение за дограбата и реконструкцијата на внатрешниот дел на трговскиот центар во Штип. Иако има обврска да ги повика сите заинтересирани страни да извршат увид во проектот, известила само две од компаниите што таму имаат деловен простор. Со тоа повторно е прекршен членот 62-а од Законот за градење.

„Надлежниот орган што го донел одобрението за градење е должен во рок од три дена од денот на донесувањето на одобрението за градење да ги извести непосредните соседи на градежната парцела за која се донесува одобрението, за издаденото одобрение за градење и дека во рок од 15 дена од денот на издавање на одобрението за градење можат да извршат увид во документацијата.“

Пред две години кога стартуваше изградбата многу дуќанџии реагираа дека со затворање на просторот нивните дуќани и бизниси ќе ја изгубат вредноста, но и тогаш немаше никаква реакција од општина Штип.

Роби Инженерниг и Елмар уште со стартот на изградбата на трговскиот центар алармираа дека е прекршен Законот за градење и дека сите сопственици на деловен простор мора да бидат известени и да ги кажат своите забелешки на основниот проект. Потврда на нивните тврдења со пресуди даде и Вишиот управен суд, но од општина Штип немаше никаква реакција.

„Се поставува прашањето сега што ако по оваа и по новата управна постапка што следи, се донесе констатација дека градежните одобренија се незаконски и невалидни. Има две варијанти, првата е да се сруши дивата градба како што предвидува Законот, а доколу тоа не се случи тогаш втората варијанта, што исто така ја дозволува Законот, е да се подмири штетата, која сите останати деловни сопственици, ќе ја бараат во редовна судска постапка затоа што за време на оваа градба без нивна согласност и дадено одобрение имаа претрпено голема финансиска штета во однос на приходите на нивните деловни објекти“. - вели Панче Докузов, адвокат.

Неофицијално Телевизија 24 дознава дека е правена и внатрешна ревизија во подрачното одделение на Катастарот во Штип, затоа што имало несовпаѓање со впишаната квадратура на Трговскиот центар, со онаа предвидена во проектот.

 


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.