Нимиц: Терминот „Македонија“ ќе биде содржан во името

17.01.2018 | 09:44
Прочитано: 1986

Предлог решението за името ќе го вклучува терминот „Македонија“, изјави медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц пред денешната нова рунда разговори во Њујорк со претставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис.

„Терминот Македонија ќе биде содржан во предлог решението за името бидејќи веќе го имаат признаено повеќе од 100 земји во светот“, изјави Нимиц за грчката ТВ Антена.

Тој  посочи и дека името со кое земјата е заведена во ОН е „Поранешна југословенска Република Македонија“, односно терминот Македонија е дел од името, а и Грција ја има признаено со тоа име.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.