Њујорк се подготвува за божикните и новогодишните празници

30.11.2017 | 13:58
Прочитано: 681

Секоја година милиони туристи доаѓаат во Њујорк за да ја дочекаат Новата година, a една од причините е волшебниот изглед на овој град за време на празниците.

Пред Рокфелер центарот  во Њујорк беше поставена  новогодишната  елка испорачана од областа Алстер, висока 24 метри.

Елката е широка 15 метри и ќе ја красат над 50.000 светилки, додека на врвот ќе има „сваровски“ ѕвезда. На Менхетен уште сега може да се видат голем број граѓани кои уживаат во предбожикната и предновогодишната атмосфера.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.