Нов пораз на Металург во ЛШ – Монпелје убедлив во Скопје

12.11.2017 | 21:09
Прочитано: 563

Македонскиот ракометен вицепрвак, Mеталург по втор пат загуби од Mонпелје во Лигата на шампионите. Тимот од Автокоманда во седмото коло потфрли и пред домашната публика со 21-27.

Уште од стартот гостинот го презеде водството, но Металург не дозволуваше да се одрази на повеќе од три гола разлика, за на полувреме да се замина со 14-16. Откако се вратија на терен, двете екипи продолжија со рамноправната борба и неизвесноста се до 50-тата минута, кога при 21-22 Монпелје со пет погодоци во серија дојде до бројката 27, а Металург и покрај сите обиди не успеа да постигне ниту еден погодок.

Во вториот последователен пораз, Пешевски, Анѓелиќ и Јагањац беа најпрецизни со по пет погодоци. По ова коло, Металург останува четврт во групата Д со четири порази, две победи и едно реми, додека Монпелје и понатаму е лидер со максимални седум победи.
Веќе идната недела Металург е пред две тешки гостувања. В среда кај Мешков Брест во СЕХА лигата и в сабота кај Бешкташ во Лигата на шампионите.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.