Нови 850 илјади евра за доизградба на патот Демир Капија - Смоквица

11.10.2017 | 17:14
Прочитано: 1810

Автопатот Демир Капија - Смоквица треба да биде завршен до март 2018 година откако владата го продолжи рокот за негова изградба. Првично предвидениот рок беше ноември годинава.

Продолжувањето на рокот за уште 4 месеци ќе направи трошок од 850 илјади евра, пари кои ќе треба да се платат за дополнителниот надзор. Во овој период треба да се дислоцира далноводот на Мепсо и да се изгради контролниот центар без кој автопатот не може да добие употребна дозвола.

Во анексот не се предвидуваат дополнителни средства за градежните работи што треба со кои ќе финишира изградбата на автопатот, туку ќе се користат средства кои веќе се обезбедени за овој проект.

Автопатската делница долга 28 км ја гради грчката компанија Актор. Автопатот кои ја поврзува македонија со Грција е дел од коридорот 10 и чини 280 милиони евра.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.