Нови кривични пријави за „Крвавиот четврток“ во собранието

19.05.2017 | 18:49
Прочитано: 11949
Полицијата идентификувала уште двајца напаѓачи од крвавиот упад во Собранието. По извршениот разговор, шеесет годишниот А.Б. од Тетово и дваесет и две годишниот А.Ш. од Скопје добија кривични пријави за Учество во толпа што ќе спечи службено лице во вршење на службено дејствие.
Снимките покажале дека тие дел од толапата која влезе во Собранието и ги нападна пратениците. По извршениот разговор во полицијата, тие биле ослободени.
 
„Првопријавениот А.Б., откако насилно влегол во Собранието, во прес салата се туркал и се обидел физички да се пресмета со обезбедувањето на пратеникот О.С., упатувајки им закани. Второпријавениот А.Ш. насилно ја отворалил влезната врата на Собранието, удирајки ја со раце и нозе, притоа туркајќи ги и влечејќи ги полициските службеници поставени во кордон пред вратата.“ – информираа од МВР.
 
Оттаму додаваат дека на адреса на Основното јавно обвинителство доставиле три нови дописи. Преку едниот бараат од обвинителството да издаде наредби до мобилен оператор за издавање листа на телефонски броеви на едно лице за кое веќе е поднесена кривична пријава. Преку останатите две информираат дека меѓу толпата имало осум лица, кои не предизвикале никаква штета, како и дека е соберена целосната здравствена документација од оштетените страни.
 
Во Обвинителството, пак, и денеска серија сослушувања на оштетените пратеници. Исказ даде пратеничката на СДСМ, Рената Дескоска.
 
„Граѓаните слушнаа од снимките како ВМРО-ДПМНЕ нарачува убиства, нарачува затворање, малтретирање на граѓани. На 27. април можеа во живо преку телевизиските екрани да видат како всушност тоа ВМРО-ДПМНЕ го спроведува“, изјави Рената Дескоска, пратеничка.
 
По речиси три месеци, денеска на сослушување во обвинителството беа новинарот и снимателот на порталот А1он, кои на еден од протестите „За заедничка Македонија“ беа брутално нападнати, по што завршија на Ургентиот центар.
 
„Повеќе од очигледни се доказите и се надевам дека штом стигнал случајот до обвинителството ќе добие правна разврска“, изјави Александар Тодески, новинар.
 
Вчера, пак, се одложи првото рочиште против деветтемина обвинети за упадот во Собранието, откако обвинетиот Ангеле Зафировски не беше спроведен од куќен притвор до судот. Следното судење е закажано за 23 мај.

Христијан Баневски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.