Новинарите влегоа во Јасен

19.05.2017 | 18:45
Прочитано: 13866
Портите на ловечкиот резерват Јасен, за новинарите денеска ги отвори новиот директор Оливер Андов, кој беше и едноенденев министер за внатрешни работи. Но, новинарските екипи можеа да се движат само по точно определена патека, која пак ни онака е достапна за јавноста. Никакви затеснувања не може да се прават надвор од превидната траса за движење. 
 
Паркот денеска ги отвори вратите за медиумите, сепак воените објекти кои се наоѓаат на ова подрачје, изградени во времето на поранешна Југославија и денеска не беа достапни за јавноста.
 
По пат беа забележливи воени објекти, остатоци од едно минато време, на кои сè уште не им е позната намената, а бројните споредни патчиња не беа достапни за нповинарите и снимателите.
 
Андонов, пак, кој телевизиските екипи ги однесе скоро до Македонски Брод, вели дека воените објекти кои се наоѓаат во резерватот се заштитени и неупотребливи, а тврди и дека нема никаква надлежност над нив.
 
Граѓаните сведочат дека во изминатите неколку недели често можеле да се забележат бројни воени конвои, некои од нив и во доцните ноќни часови.
 
Директорувањето на Андонов кој беше поставен на таа позиција пред нецели два месеци беше поврзувано со наводни обиди за прогласување на воена состојба од страна на шефот на државата Ѓорге Иванов, а резерватот беше Јасен местото од каде што се тврдеше дека воено-политичкото раководство би управувало за време на воена состојба.

Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.