Ново судско рочиште за случајот „Труст“

23.11.2017 | 13:43
Прочитано: 636

Бизнисменот Сеад Кочан повторно во судница за случајот „Труст“ во кој се  товари за злоупотреба на тендер тежок 17 милиони евра за фалсификувани документи.

Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска даде два часа пауза на рочиштето за „Труст“, со цел СЈО да ја испринта уште еднаш листата на докази, кои се испишани на осумдесетина страници.

Адвокатите побараа овојпат листата на докази да биде нумерирани за полесно да го следат изведувањето на докази пред судот.

Пред судот  треба да сведочи и управителот од „Силекс неметали“, кој не се појави на минатото рочиште.

Покрај првоосомничениот Сеад Кочан во случајот „Труст“ обвинети се уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на ЕЛЕМ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.