Обраќање на премиерот Никола Груевски

24.12.2012 | 20:02
Прочитано: 104657

Македонија денес имаше тежок, но и важен ден. Денес бевме сведоци на првиот неуспешен насилен обид за рушење на демократските институции и легитимно избраната власт на слободни и фер избори пред само година и половина.

Приказната за Буџетот беше само параван на Бранко Црвенковски кој ја започна неговата последна лична битка за преживување во политиката, истакна  премиерот Никола Груевски во вечерашното обраќање до нацијата.

Тој рече дека пратеничката група на СДСМ откако во претходните неколку дена најмалку десет пати го прекршила Деловникот на Парламентот денеска физички и со употреба на сила се обидела да го делегитимира Парламентот и откако во тоа не успеала направила обид за влез во Собранието со употреба на насилство.

- Сепак спротивставени на агресијата на овој транзиционен манипулант не само што беа подготвени да застанат илјадници граѓани, застанаа и професионално се однесуваа државните безбедносни сили кои коректно, професионално, одговорно и успешно ја завршија својата работа и овозможија Парламентот да продолжи со работа согласно Уставот и законите, рече Груевски. 

Тој изрази жалење поради, како што рече, непријатноста со новинарите кои беа во салата на Парламентот.

- Денеска Бранко Црвенковски сакаше со околу свои три илјади приврзаници на сила да освои власт. На Бранко Црвенковски денеска му се спротивстави народот поделени во две групи имаше најмалку трипати повеќе граѓани кои излегоа да му се спротивстават. На Бранко му се случи народ !!!, истакна Груевски.

Најави дека ќе продолжи да работи на она за кое дал збор пред народот и оти економските политики ќе останат насочени кон создавање услови за отворање на нови работни места.

- Јас не сум човек кој лесно дава збор, но кога ќе го дадам стојам зад него и се борам до последниот атом да го исполнам. Со оглед дека Бранко Црвенковски најави продолжување со неговото погубно сценарио, сакам да потенцирам дека сме подготвени за сите можно сценарија со цел заштита на интересите на граѓаните и заштита на уставот и законите.

Сум издражл многу, сум поминал се и сешто во мојот живот. Впрочем се сеќавате, Панорама не беше така далеку, а исто така и притисоците за промена на името не се случуваа одамна. Но и во двата случаја опстпјав заради една работа: Народот беше со мене, потенцира Груевски во вечерашното обраќање до нацијата. 


Коментари (46)

James T Kirk

Бранко после сите анализи, увиде дека го очекува несомнен катастрофален пораз на локалните избори и се одлучи на ваков ригорозен и недемократиски потег. Но, тоа не помина кај народот на Р.Македонија кој цврсто застана зад одбрана на сопствената држава.

11

Анонимен

Ха ха ха ха .......

11

Анонимен

Ne mozam da mu go prostam ova na grujo. Ako si dozvoli ova sto go napravi moze utre da mi dojdat doma i da me odnesat so se familija vo nepovrat. Zatoa ke izlezam na site sobiri protesti se dodeka ovoj diktator ne si odi od vlast. Neka ne gi drzi vo zaloznishtvo drugi kvalitetni lugje vo negovata partija koi siguren sum ne mislat kako nego ama ne smet da mu se sprotivstavat vo momentov.

11

Александра

Ееее што доживеа Македончето, Хитлер воскресна но во Македонија. Барем Хитлер имаше некоја цел за чиста раса, а овој нема никаква цел освен да не стани од фотељата што му е така удобна.

11

svaja

Albancite ni gledaa seir, pocetok na bratoubistvo! Gospodine premier se ova sto go kaza ne drzi voda

11

Анонимен

Nemas vrska od vodenje na drzavata pajapatak

11

Анонимен

napred gruevskiso tebe sme

11

Анонимен

Sramotna izjava na "premier". Cij ? na DPMNE ?.Normalniot narod mnogu dobro vide sto se sluci vcera,kakva manipulacija napravi vlasta.I za seto unistuvanje na demokratijata MORAAT da bidat kazneti.

11

guhgrti

za ovoj covek so ne sakam ni imeto da mu go spomnam vo psihijatrijata ima dijagnoza f41/2 oti ne e naucen da prima soveti od nikogo zosto leta koj znaj kade so mozokot i za zal na mk takva budala ne vodi

11

Tanya

SRAM da vi e. da zivee gruevski

11
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.