Обвинетиот Сеад Кочан се изјасни невин за случајот „Труст“

14.11.2017 | 19:06
Прочитано: 2466

Мотивот не бил чесно да се добие тендер и да се ископа јаглен и јаловина во Суводол, туку со фалсификувана документација бизнисменот Сеад Кочан, и останатите двајца обвинети да се „ископаат“ 17 милиони евра. Ова за СЈО е темелот на случајот Труст, а главните докази на обвинителите се фиктивните договори за вработување, документи со лажни податоци за сопственост, механизација и кадровска екипираност. Заради тие 17 милиони евра целосно се погазени правилата на конкуренцијата, порача обвинителот Гаврил Бубевски.

„Нема сработување на нешто што си дошол без валидна документацијата, ризикот во кој што влегуваш во таква работа е твој и сам знаеш дека влегуваш на криминален начин. Ако те фатат после ќе си ги вратиш тие 17 милиони евра.“ - вели Гаврил Бубевски - обвинител во СЈО.

Но, за Кочан овие обвинувања се невистини. Тој пред судот за прв пат се изјасни дека не се чувствува виновен. Неговата изјава во кривичниот суд ја делат и останатите двајца обвинети, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ. Одбраната тврди немало кривични дела и во фирмите Трансмет, Силекс неметали и Вато кои здружени во конзорциум кој се јавил на тендерот на ЕЛЕМ.

„За мене е основ дека од страна на мојот клиент нема дадено никаква невистинита документација.“ - вели адвокатот на Кочан.

СЈО не ја исклучува можноста на обвинителна клупа да седнат и други лица кои им прогледале низ прсти на овие тројца обвинети да го добијат незаконскиот тендер. Одговарајќи на новинарско прашање Бубевски вели постои таква можност и за поранешниот премиер Никола Груевски и екс директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски кои се јавуваат во прислушуван разговор, но освен објавената бомба, засега за нив нема докази.

„До овој момент такви докази ние немаме обезбедно, но што ќе донесе главниот претрес, ќе видиме.“ - вели Бубевски.

Денеска пропадна обидот на адвокатите да се одложи денешното судење и да се закаже посебно рочиште за да се разгледуваат доказите. Судскиот процес Труст продолжува со брза динамика и овој и наредниот месец, а уште денеска судијката Лидија Трајковска ги закажа следните осум рочишта.


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.