Од утре избирачкиот список на увид

20.08.2017 | 20:14
Прочитано: 1536

Од утре избирачкиот список ќе биде ставен на јавен увид. Граѓаните ќе може да проверат дали ги има на списокот, со што им е загарантирано правото на гласање, соопштија од ДИК. На денешната седница ДИК донесе заклучок дека 11.346 лица се надвор од избирачкиот список по неколку основи, односно дека 7.107 лица немаат живеалиште, починале 1.388 лица, одземена деловна способност на 284 лица и слично. Според ДИК, повторно ќе се проверуваат сите лица, бидејќи бројот на гласачите од МВР и Државниот завод за статистика не се совпаѓа. 

Избирачкиот список моментално брои  еден милион, осумстотини дваесет и седум илјади четиристотини седумдесет и три гласачи. Увидот ќе трае до деветти септември во подрачните општински единици на ДИК, а на интернет е достапен и од денеска.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.