Одложено е судското рочиште за „Траекторија“

14.02.2018 | 17:51
Прочитано: 1293

Во судница читаше од телефон, надвор од судот од ливче, но и во двата случаи поранешниот премиер Никола Груевски се пожали дека како обвинет не му се гарантираат елементарните права на одбрана. Судиите не можат да го скријат тоа дека однапред имаат заземено став на чија страна се – кон СЈО се однесуваат пријателски кон нас и одбраната со нетрпение – смета Груевски.

Побара од судиите заради јавноста барем да одглумат дека водат рамноправен процес, а на шега рече ќе побарал и плата од Судот.

„Толку често ме викаат во судот што се чувствувам дека доаѓам на работа и дапобарам канцеларија и плата.“ - вели Никола Груевски - обвинет.

Откако судот им ги одби сите приговори во однос на барањето на отфрлање на бомбите, СМС пораките и вештачењето како доказ, Груевски побара да има ист третман од Судот како премиерот Зоран Заев.

„Кога веќе донесува решение судијата, кое е незаконски, да го донесе на формален начин што ни овозможи право на жалба до Аппелција, Ние однапред знаеме дека тој суд е под протисок и ќе го отфрли, барем да ни го дадат истиот тертман како на Заев,“, вели Никола Груевски - обвинет.

Приговорите на одбраната отидоа до таму што побараа од судот да биде отфрлено обвинението бидејќи СЈО е неовлатен тужител. Судијата Горан Бошевски истакна дека одбраната може во друга фаза од постапката да ги изнесе приговорите додека обвинителката од СЈО Леле Стефанова забележа дека се работи по обратен редослед и доколку така се продолжи одбраната ќе може шест месеци да ги изнесува истите приговори. Покрај Груевски, во Траекторија обвинети се и екс функционерите Владимир Пешевски, Миле Јанкиески и Љупчо Георгиевски. Тие се товарат за злоупотреба на службената положба во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Следното рочиште е закажано за 1 март.


Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.