Одложено судењето за случајот „Траекторија“

06.12.2017 | 17:23
Прочитано: 648

Кривичниот суд денеска немаше услови за тонско и визуелно снимање на главната расправа за предметот „Траекторија“ како што бараше одбраната на поранешните функционери Груевски, Јанакиески, Пешевски и Георгиевски.

Поради тоа почетокот на судењето и за овој предмет на СЈО беше одложен за 18 декември. СЈО ги товари четворицата дека искористувајќи ги своите службени овластувања за себе и за компанијата „Синохидро“ прибавиле имотна корист во износ од најмалку 155 милиони евра износ за кој му нанеле штета на Буџетот. Според Груевски пак, нема вина кај него и кај неговите соработници. На ист начин и СДСМ земале кредити за изградба на инфаструктурни проекти.

„Јас и моите колеги обвинети сме за нешто што го правела во минатото и сега го направи владата на СДСМ. Во минатото, каде што при изградбата на хирдоцентралата Козјак на ист начин и во иста постапка, владата на СДСМ земала кредит од Кина и го исфинансирала градењето на хидроцентралата. Сега кога повторно дојде истата влада, на ист начин и во иста постапка, се направи анекс на договорот и тој анекс се преточи во закон и тој закон помина на Парламент. Значи за нешто што исто го правеле во минатото и што го прават сега, ние сме обвинети“ - изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Барањето на адвокатите за тонско и визуелно снимање на судењето е согласно Законот за кривична постапка, но е прво, иако за Груевски веќе во тек се и други судења.

„Сакаме сето она што ќе се случува  и сето она што ќе биде кажано да не внимаваме и да не мора да се грижиме за тоа на кој начин истото е внесено во во записникот, туку по тонскиот запис да може да провериме  и да бидеме сигурни дека сето она што се случува е реално внесено и во матерјалниот записник на судот.“ - изјави Еленко Миланов, адвокат.

За изградбата на кинеските автопати доказ ќе бидат и прислушуваните разговори кои ги прифати советот за оценка на обвинителен акт и покрај барањето на одбраната на Пешевски бомбите да не бидат пуштени во судница. Јанакиески, Пешевски и Георгиевски се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување додека Груевски за примање награда за противзаконито влијание.


Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.