Охрид се подготвува за Водици

11.01.2017 | 20:25
Прочитано: 1643
Охрид е подготвен за најголемата црковна манифестација Богојавление Водици. Во соработка со опстината дебарско кицевската епархија ги приврсува подготовките за празникот кој најмасовно години наназад се прославува во балканскиот Ерусалим.
 
По традиција празнувањето ке започне со утрешна богослужба и литургија во црквите, а чесниот крст ке се фрла во 10 часот на градското пристаниште. Околу 1000 верници и оваа година ќе се причестат во светите води на најстарото езеро во европа.
 
Оваа година ке се организира еден од најмасовните празници во градот. Со литија ке се тргнува од сите парохиски цркви па се до градското пристанисте.
 
Традиционално епархијата среќниот фаќач на крстот ќе го дарува со крст, а од градоначалникот ќе добие икона во чест на празникот Богојавление – вели Илија Ристески од Дебарско- кицевската епархија.
 
Она што загрижува се екстремно ниските температури на езеската вода. На места  има измрзнати делови низ крајбрежјето. Од црвениот крст апелираат до капачите на посебно внмание.
 
- Апелирам до сите оние кои планираат да влегуваат во водите на езерото да не конзумираат алкохол пред влегување и да внимаваат на самото дно – истакна Сашо Точков, претседател на Црвен Крст Охрид.
 
Богојавление Водици се очекува да донесе голем број домашни и странски гости, а за нивниот дочек беспрекорно се подготвени yгостителите, хотелиерите и локалните власти. И оваа година како и лани нема кум за празникот, последниот во 2015 бесе српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ.

Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.