Охридско Подмоље доби вода, стружани на нивните маки

11.08.2017 | 18:11
Прочитано: 2631

По дваесет дена агонија и преживување на енормно високи температури жителите на Охридско Подмоље доцна синоќа добија вода. Иако велат притисокот е се уште многу слаб среќни се што конечно ќе можат да живеат нормално. Дебрчанското водостопанство се одзва на нивните апели и синоќа за горните куќи од селото каде ситуацијата беше најкритична испрати и цистерна со вода, па опасноста од зарази и болести полека стивнува. Сепак велат недостигот вода изминативе денови направи огормни штети, ги избрка и тие малку туристи кои летуваа  во селото.

„Јас доаѓам од Србија, беа со мене и некои мои пријатели ама си заминаа. Не можеа да издржат, јас уште денес па си одам“

„Над мојата куќа има луѓе од Англија, Германија, дојдоа и веднаш си заминаа. Еден, два дена поседоа и си заминаа. Не може така да има туризам, а и ние не можеме така да живееме“, велат дел од мештаните и туристите.

Но додека  во Охридско  ситуацијата полека се средува стружани се уште  немаат вода по неколку часа во денот. Се жалат на големи рестрикции и неажурност на локалните власти и тоа во екот на туристичката сезона кога градот е исполнет до последно место.
„Водата е тука присутна до осум часот наутро и после вода имаме дури вво единаесет и пол или дури дванаесет вечерта Некогаш нема до сабајле“

„Надлежните во градот и јавното комунално претпријатие не прават ништо да го решат проблемот“, велат дел од граѓаните.

Од надлежното претпријатие Проаква пак се бранат дека  рестрикциите се вовеле  поради недостигот на дожд и пресушувањето на изворите кај Шум и Белица.

„Се надеваме дека преку ноќ од овде не се краде вода, но го откривме, знаеме и сме сигурни дека неприкинато се краде вода па одлучивме од 00:00 часот да ја запреме водата до 05:00 часот“, велат од Проаква.

Граѓаните на охридско струшкиот регион за проблеми со водата за пиење се жалат уште од јуни на самиот старт на туристичката сезона. А стружани деновиве револтот го искажаа на мирен протест пред јавното водоводно претпријатие Проаква. Порачуваат дека доколку итно не се реши проблемот ќе организираат проадикални протести.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.