Опозициски лидер на Зимбабве загина при пад на хеликоптер

19.01.2018 | 09:33
Прочитано: 1131

Истакнатиот опозициски лидер од Зимбабве, Рој Бенет, загина при пад на хеликоптер во Ново Мексико, соопшти синоќа неговата политичка партија.

„Во несреќата загинаа уште четири лица, меѓу кои и сопругата на Бенет. Едно лице преживеа при падот на хеликоптерот“, соопшти полицијата во Ново Мексико.

Се уште не е позната причината за несреќата.

„Рој беше одлучен и посветен борец за демократски промени во Зимбабве“, се наведува во соопштението на опозициското Движење за демократски промени „Цвингирај“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.