Ораторски вечери на ФОН, доделени стипендии

11.05.2017 | 19:24
Прочитано: 4294
Татко ми работи во аптека како фармацевт. Секој ден дели лекови на луѓе. На многу им помогнал. На многу не им наплатил. Но кога јас сум се родила, му рекле дека за мене нема лек и да ме отпише, бидејќи децата со Даунов синдром се отпишани со раѓање, вака зборуваше Нина која ја понесе првата награда на синоќешните ораторски вечери кои се одржаа на универзитет ФОН.
 
„Ете тоа му го рекле многу доктори, наставници, дури и некои познаници. Но моите родители сакале да пробаат со еден стар, заборавен лек. И наместо да ме отпишат, ме запишаа во редовно училиште и јас секој ден го добивав лекот, а тој делуваше. Набрзо некои наставници, други родители кои ме отпишуваа, почнаа да веруваат.“ – вели Нина.
 
Нина проговори и за личното чувство и патот до успехот, за кој вели дека заедно со нејзиното семејство секојдневно работеле за да може да го постигне тоа што сака. Низ нејзиниот говор појасни за нејзината состојба во текот на осумте години поминати низ внимание да не се пропушти лекот кој морал да се зема.
 
„И еве ме! На четврта година на факултет! Зошто лекот е ефектен. И јас го препорачувам, без него навистина се е изгубено. Со него чудата се можни. Зошто лекот ги активира оние 90% од мозокот што не се искористени, а ги пасивизира оние 10% што ги користат луѓето. “ – вели Нина Костовска
 
Целосни стипендии беа доделени како награда за сите 13 оратори кои беа дел од синоќешните ораторски вечери – истите ги додели Сефер Цановски кој зборуваше за важноста на ваквата поддршка. 
 
„И без импровизација се основни правиласо кои може да се бавите со оваа професија. Не смеете да се лажете дека сте научиле, ако сне сте научиле или ако сте препишале на испотот да се гордеете со тоа. Образованието има вредност и оние кои сакаат да успеат, мора да се посветат целосно.“, изјави Сефер Цановски, потпретседател на Управен одбор на универзитетот ФОН
 
„Успехот не е конечен, неуспехот не е фатален, храборста да се продолжи е тоа што е важно“ беше темата на вторите ораторски вечери што се одржаа на универзитетот ФОН, на кој учествуваа 13 студенти од државните и приватните универзитети во земјава. Настанот, кој е прв од ваков вид кај нас, покрај негувањето на ораторските квалитети, го имплементира и концептот на инклузија со својата отвореност и за студенти со развојни тешкотии. 

Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.