Османи и Димитров на средба со Могерини

14.11.2017 | 19:06
Прочитано: 654

Состаноци со политичките партии и разговори со граѓанскиот сектор се на агендата на евокомесарот Јоханес Хан кој најави дека идната недела доаѓа во Скопје, според дипломатски извори на Телевизија 24 веќе в понеделник. Посетата следува откако македонската делегација предводена од Димитров и Османи во Брисел имаше средби со шефицата на европската дипломатија Могерини и еврокомесарот Хан.

„Одличен состанок во вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни Никола Димитров. Уверен сум дека владата ќе го искористи позитивниот момент и дека ќе ги видиме резултатите од понатамошните реформи до крајот на оваа година. За ова е потребна конструктивна соработка со сите политички сили вклучително и опозицијата“, наведува Хан на „Твитер“.

Задоволни од средбите се и Османи и Димитров. Владата е подготвена за храбри чекори и позитивен пристап при затворањето на отворените политички прашања, меѓу кои и спорот за името со Грција, кои се во насока унапредување на процесот на европска интеграција на земјава, наведува Османи во соопштението.

„Потребно е да се одржи кредибилен процесот на проширување на Унијата со земјите од Западниот Балкан.Тоа нема да биде можно доколку Комисијата не ја вметне и Македонија во својата стратегија за проширувањето на Унијата до 2025 година, која би се изготвила на почетокот на идната година, но и со останатите конкретни чекори што би претставувале основа за натамошно зацврстување на европскиот оптимизам во земјата и во регионот“, вели Османи.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕијас размениле мислења како претстојниот период најдобро да се искористи за постигнување напредок во преговорите за името под покровителство на ОН. Вчера пак на неформален појадок екипата на 360 степени регистрираше и момент во кој двајцата министри од Македонија и Грција, на сметка на нивните имиња се пошегуваа и дадоа пример дека не постои пречка за нивното пријателство.

„Би сакал да го истакнам присуството на мојот пријател Никос од Грција.“ - вели Никола Димитров од 360 степени.

На средбите како што наведува Димитров била реафирмирана поддршката на тековните реформски процеси во земјава и градењето мостови на добрососедство како силни аргументи за добивање безусловна препорака која ќе биде клучен предуслов за отпочнување преговори со Унијата на пролет.


Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.