Откажани и пренасочени летовите на скопскиот аеродром

14.12.2017 | 18:31
Прочитано: 2983

Mаглата која го зафати скопскиот регион предизвика проблеми и во авиосообраќајот. Дел од летовите на скопскиот аеродром се откажани, а дел се пренасочуваат на аеродромите во Охрид и Приштина. Според информациите објавени на веб страницата на скопскиот аеродром, откажани се полетувањата за Истанбул, Виена, Базел, Будимпешта и Дубаи, а реализирани се само летовите за Љубљана и Дортмунд.
На скопскиот аеродром слетале само авионите од Љубљана, а откажани се летовите од Истанбул и Виена. Летовите од Дубаи, Брисел, Лондон и Будимпешта се пренасочени кон Охрид и Приштина.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.