Откриен првиот позитивен допинг тест на ЗОИ

13.02.2018 | 09:58
Прочитано: 558

Јапонскиот натпреварувач во брзо лизгање, Кеи Саито, е првиот олимпиец кој доби суспензија за настап на ЗОИ во Пјонгчанг, откако неговиот допинг – тест се покажа позитивен.

Со оглед дека Саито се уште нема настапено на игрите, нема потреба и за поништување на негов резултат.

Но, тој доби суспензија и ќе мора да ја мине редовната процедура за доставување на Б-примерок, доколку се сомнева во лабораторискиот наод. Се  дотогаш тој нема да смее да се натпреварува.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.