Oтсечени неколку села во Дебрца и Струга

13.02.2018 | 22:09
Прочитано: 3246
Паднати бандери, искинати кабли, далеководи снегот отсече неколку села во Дебрца и Струга. Во Враништа, Белчишта и уште десетина села од попладнево нема струја. Граѓани на секој час до Тв 24 испраќаат слики и апел за помош од надлежните.
 
Снегот блокираше десетици автобуси, комбиња и автомобили на патниот правец Охрид-Кичево како и на превојот Стража. Граѓаните сами ги туркаат возилата и го чистат снегот за да стасаат дома. Оние кои ни пишуваат велат дека се заглавени во снегот и оставени сами на себе да се борат со непогодата.
 
Најиспаничени се жителите во струшко кои немаат струја, а не си ни надеваат дека до утре ќе ја добијат. Во oхридско сеуште паѓа снег што уште повеќе ја отежнува состојбата.

Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.