Париз повторно мета на терористички напад

21.04.2017 | 11:54
Прочитано: 3164

Нападот врз Париз главна тема во медиумите. Здивот на тероризмот посеа смрт во четвртокот ноќта во многу симболичниот кварт Шанзелизе. Варварство повторно го погоди главниот град во срцето, се наведува во дневниот весник „ Фигаро“. Синоќа во срцето на градот, на Елисејските полиња беше застрелан еден полицаец.

Нападот се случува само три дена пред претседателските избори во Франција, а за истиот одговорноста ја презеде организацијата Исламска држава, со што истиот напад е оквалификуван како терористички. Синоќа на Французите им се обрати и претседателот Оланд, оддавајќи му почит на загинатиот полицаец и на сите безбедносни сили. „Ние сме убедени дека мотивот за нападот е од терористичка природа, изјави Оланд. 

„Мора да сфатиме дека нашите полициски сили се изложени на опасност. Мора да се направи се што е потребно силите на редот, полицајците, жандармите и војската да ги остваруваат нивните мисии. Нашите граѓани се заштитени, тие треба да бидат заштитени. Тие ќе бидат заштиетни “, изјави Оланд.

Веднаш по нападот париската префектура апелираше жителите на Париз, како и туристите да не одат во овој дел од градот. 

Авенијата беше затворена за сообраќај. Беа распоредени припадници на специјалните сили од бригадата за потраги и интервенци и истражните органи, а реонот го надлетуваше и хеликоптер. Оние кои што биле во близина на немилиот настан изјавија дека го забележале напаѓачот – но дека било предоцна за навремена реакција. Истите тие изјавиле за француските медиуми дека нападот бил на само неколку метри од нив.

„Имаше полициско комбе, а момче  пристигна со ауди А80. Веднаш зад полициското комбе забележав како се паркира момче со ауди А80 кој што во истиот момент излезе од колата со калашников. Се што слушнав во тој момент беа шест истрели. За момент помислив дека тоа се петарди“, изјави очевидец.

Антитерористичкиот оддел на Јавното обвинителство на Париз ја води исрагата. Еден од напаѓачите е убиен, а полицијата трага по евентуални негови соучесници.


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.