Пјонгјанг: Останува прашањето кога ќе започне војната на Корејскиот Полуостров

07.12.2017 | 09:22
Прочитано: 1981

Големите заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја и заканите за превентивен напад, ја прават војната на корејскиот полуостров реалност, соопштија од Министерството за надворешни работи на Северна Кореја.

„Не сакаме војна, но нема да бегаме од неа доколку САД лошо го проценат нашето трпение и го запалат фитилот на нуклеарна војна“,  наведе портпаролот на министерството.

Пјонгјанг досега во неколку наврати се закануваше дека ќе употреби атомски бомби како одговор на евентуален американски напад врз земјата, при што цели на нуклеарните проектили би биле териториите на САД и на нивните сојузници во регионот.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.