По голем пресврт Кливленд славеше во Њујорк, 7 победа по ред за Г.Стејт, 6 пораз во низа на Клиперс

14.11.2017 | 15:14
Прочитано: 430

Во деветте натпревари одиграни во НБА лигата, ноќта ја одбележа триумфот Кливленд по пресврт во Њујорк, седмиот триумф во серија на шампионот Голден Стетјт, но и шестиот пораз во низа на ЛА Клиперс.

Вицепрвакот Кливленд во „Медисон Гарден“ го совлада Њујорк со тесни 104:101, иако во текот на целиот натпревар губеа, на моменти и со 23 поени разлика. Четвртиот квартал пресуди за седмиот сезонски триумф благодарение на Леброн Џејмс и Кајл Ковер, кои доминираа во постигнатите 43 поени, само во овој последен период. Џејмс заврши со 23 коша, надополнети со 9 скока и 12 асистенции, а Корвер имаше 21 поен. Њујорк не успеа да избегне пораз и покрај 28-те поени на Хардвеј, и 20-те на Порзингис и Кантер.

На седма победа во низа се израдува актуелниот шампион Голден Стејт откако во „Оукленд“ го совлада Орландо со 110-100. Дурент и Грин како најистакнати заедно искомбинираа 40 поени. Кај Орландо Вучичевиќ запиша највисоки 20 коша.

ЛА Клиперс, пак ја продолжи негативната серија, која сега изнесува шест порази по ред. Пред домашната публика во тесна завршница потфрли пред Филаделфија со 105-109. Емид со 32 и Ковингтон со поен помалку го предводеа гостинот до седмата сезонска победа. Кај Клиперс најистакнати беа Вилијамс со 31 и Грифин со 29 поени.

На останатите натпревари: Милвоки – Мемфис 110-103, Вашинготн-Сакраменто 110-102, Њу Орлеанс – Атланта 106-105, Феникс-ЛА Лејкерс 93-100, Јута Џез-Минесота 98-109 и Портланд-Денвер 99-82.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.