Почина актерот и писател Сем Шепард

31.07.2017 | 21:03
Прочитано: 2683

Американски актер и драмски писател Сем Шепард почина на 73-годишна возраст, како последица на компликации поврзани со Лу Геринговата болест.

Шепард почина во четвртокот во неговиот дом во државата Кентаки. Како актер, Шепард нстапи во десетици филмови, а во 1983 година беше и номиниран за Оскар за споредна машка улога во филмот „Пат во вселената“. Најпознато сценарио му беше за филмот „Париз Тексас“, а својот глас го позајмуваше и во анимирани филмови.

Како актер се појави во филмовите „Досието Пеликан“, „Хамлет“, „Падот на црниот сокол“ и други, а последна улога на телевизијата му беше во серијата „Крвна линија“. Неговото последно филмско оставруваше „Никогаш тука“, публиката премиерно ќе го види на 18 јуни годинава.

Шепард во својата кариера напиша и 44 драмски дела и поголем број романи, мемоари и куси раскази. Во 1979 година тој ја доби и Пулицировата награда. Тој во своите дела најчесто пишуваше за теми поврзани со експлозивните семејни состојби и со машката доминација на американскиот Запад.

Сем зад себе остави три деца.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.