Почина актерот Љубиша Самарџиќ

09.09.2017 | 01:24
Прочитано: 11395

Актерот познат ширум териториите на некогашна Југославија, Љубиша Самарџиќ почина вчера на 81 година. Актерот беше на операција на тумор на мозокот, но поради хроничната леукемија, неговата здравствена состојба наго се влошила. Од леукемија ,пред неколку години почина и неговиот син Драган.

Роден е во Скопје во семејство на рудари во 1936, студираше пеаво, а потоа се префрли на Академијата за драмски уметности. Благодарение на стипендијата на режисерот Бојан Ступица, започнува да глуми во театарот. Првата улога ја остварува во филмот „Прекобројна“ на Бранко Бауер, а потоа следуваа низа филмови, „Денови“, „Десантот на Дрвар“, „Битката на Неретва“, за која ја доби и наградата Гранд При во Ниш.  За улогата во филмот „Утро“ е награден и на филмскиот фестивал во Венеција. Долго време глумеше во партизански филмови, а напоредно оствари и голем број улоги во телевизиски серии „Жежок ветер“, „Есента доаѓа, дуњо моја“, „Враќањето на отпишаните“, „Полицаецот од Петлово брдо“, „Каде одат дивите свињи“. Во 1988 ја доби тогаш највисоката државна награда „Авној“, кој првпат се доделила на филмски актер.  Сите освоени награди ги остави во наследство на југословенската кинематографија. Минатата година беше опериран од тумор на мозокот, а по операцијата остана неподвижен.

Во брак беше со Мирјана со која има две деца, Драган и Јована, а неговиот прекар беше Смоки, по улогата во филмот „Песочен град“. Последната улога која ја имаше беше во серијата „Мирисот на дождот на Балканот“ во 2011 каде се јавува и како режисер. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.