Почина Малколм Јанг, гитаристот и основач на AC/DC

18.11.2017 | 18:11
Прочитано: 1956

Легендарниот гитарист и основач на групата AC/DC, Малколм Јанг денеска почина во 64. година од животот, по тригодишна борба со деменција поради што беше приморан да се повлече од бендот.

- Со најдлабока жал AC/DC соопштува дека Малколм Јанг почина, соопшти групата.

Јанг со својот брат Ангус го основа AC/DC во ноември 1973 година. Потоа, од 1976 година, почнува периодот на интензивна работа на албуми и меѓународни турнеи.

Неговата борба со деменцијата почна во 2014 година, по што бендот  објави дека Јанг засекогаш се повлекува од групата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.