Почина музичката ѕвезда Дејвид Кесиди

22.11.2017 | 05:13
Прочитано: 5967

Дејвид Кесиси, музичката ѕвезда од седумдесетите години, почина доцна синоќа на 67 години. Тој страдаше од деменција, истата болест од која почина и неговата мајка. Иако се чекало да му се пресади црн дроб, неговаиет органи почнале да откажуваат, па бил ставен во индуцирана кома од која не се разбудил.

Во седумдесетите години, Дејвид беше музички идол на тогашните генерации. Се прослави како музичар и актер, следејќи ги стапките на неговиот татко Тони. беше дел од популарната серија „Семејството Партриџ“, во која неговата мајка ја играше актерката Ширли Џонс, која потоа му стана маќеа. Иако имаше помали улоги во серии, најзапаметен сепак остана како музичар, чии песни „Малиот Џони Џонс“, „Времето“, „Рет пек се враќаат“ беа меѓу најслушаните. Во 1974 година, на неговиот концерто во Лондон, 800 луѓе беа повредени во стампедото кога се отвориле вратите на салата, а една девојка почина во болница. По овој настан, тој привремено паузираше со музиката и се посвети на глумата.

Во 2015 години прогласи банкрот, а потоа се повлече од музиката кога му беше дијагностицирана болеста.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.