Почина новинарот Владимир Антонов

05.01.2017 | 15:23
Прочитано: 3479
Утринава во Скопје, по долго и тешко боледување, на шеесет и две годишна возраст, почина Владимир Антонов. 
 
Правникот по образование, Владимир Антонов, своите најплодни години ги мина како новинар и уредник на деск во Македонската телевизија, во Сител и во Канал 5, а кариерата ја заврши како уредник на вестите на англиски јазик на скопски Промовенс. 
 
Ерудитот и мајстор на пишаниот збор, Владе Антонов, беше учител и ментор на многу денес познати новинари и уредници во многу медиуми во Македонија.
 
Последна почит на чичко Владе ќе му биде оддадена во сабота, на седми јануари, во капелата на гробиштата Бутел, во 10 часот, а погребот ќе биде извршен во 11 часот. 
 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.