Почнува собраниската расправа за ребалансот на буџетот

17.07.2017 | 13:47
Прочитано: 1317

Ребалансот на буџетот предложен од владата е на дневен ред на собраниската комисија за финансирање и буџет. 840 амандмани стигнале до собраниската комисија за финансирање и буџет -  706, поднела ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не дала ниту еден, а останатите 134 амандмани се од албанските партии.

Партијата која до вчера беше на власт ќе инсистира во ребалансот да има пари за проекти кои се предвидени во нивната изборна програма, но и такви кои дошле од локалното население.

Од СДСМ велат дека се скратени непотребните и скапи трошоци, а парите се враќаат назад кон граѓаните. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.