Почнува судењето за „Триста“

15.11.2017 | 09:17
Прочитано: 3679

За денеска е закажано првото  судско  рочиште за предметот „Триста" на Специјалното јавно обвинителство.

Случајот „Триста" се однесува на набавка на 300 возила за потребите на МВР, односно за оштетување на државниот буџет за 453.570 евра, а за што е обвинет Ѓоко Поповски, помошник-министер во министерството за внатрешни работи.

Поповски, според СЈО, тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.

Снимките од прислушуваните разговори се прифатени како докази и за овој случај на СЈО. Претходно е одлучено снимките од прислушуваните разговори да бидат доказ и за случаите „Тендери“, насилство во центар, „Топлик“, и „ТНТ“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.