Почнува Светското Првенство во ракомет во Франција

11.01.2017 | 15:04
Прочитано: 1949

Од денес па се до 29-ти месецов Франција ќе биде домаќин на Светското Првенство во ракомет, домаќинот ја брани светската титула, освоена на минатиот мундијал во Катар.

Мундијалот стартува со вечерашната пресметка меѓу домаќинот Франција и селекцијата на Бразил.

Домаќинот организатор на турнирот вложи неверојатни 30 милиони евра за организација на првенството, со што го направи најскапиот ракометен настан во историјата на овој спорт.

Домаќинот исто така информира дека се продадени рекорден број на билети за натпреварите, а бројката се движи околу 450.000.

Натпреварите ќе се играат во осум градови, и тоа Париз, Лил, Монпелје, Албервил, Брест, Нант, Мец и Руен.

Франција е бранител на светската титула која ја освои на последниот мундијал одржан во Катар во 2015-тата година, каде во финалето беше подобра токму од домаќинот Катар.

Букмејкерите улогата на главен фаворит на турнирот му ја дадоа токму на домаќинот Франција, по неа следи Данска, Шпанија, Германија и Хрватска која ја комплетира водечката петорка на фаворити на мундијалот во Франција.

Дуелот меѓу двете селекции во рамките на групата „А“ стартува со почеток од 20 часот и 45 минути.


Душко Постолов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.