Поголем дел од пожарите во прилепско подметнати, итно се бараат доброволци за Трескавец

12.08.2017 | 19:06
Прочитано: 5394

Поголемиот дел од пожарите во Прилепско се подметнати. Утринава жители на Горно Село кое се наоѓа под манастирот Трескавец забележале непознати лица кои се возеле во теренско возило и кои намерно запалиле оган, сега таму беснее голем пожар. Исто така попладнево намерно е подметнат пожар и во селото Зрзе. Сторителот е веднаш уапсен, соопштуваат од општина Прилеп.

Инаку попладнево повторно се активираше и пожарот кој се наоѓа на само неколку стотини метри од манастирот Трескавец. Ситуацијата е алармантна, ветерот е силен и огнот се шири со голема брзина. Локалните власти упатуваат повик секој оној кој што може да помогне во гаснењето на огнената стихија која што му се заканува на ова наше големо светилиште да дојдат под итно на Трескавец.

„Во прилепско имаме повеќе активни пожари. Едне е на потегот кај селото Крушевица, потоа околу селото Бонче, а имавме интервенција и кај поранешната фабрика „Партизанка“. Се локализираше пожар кај селото Зрзе, а сега се возобнови пожарот под манастирот Трескавец. Исто така имаме пожари околу селата Забрчани и Мраморани. Наши екипи работата постојано на терен, а од јавувања на граѓани имаме сознанија дека има намерно палење, така е со случајот кај селото Зрзе, пожарот кај Горно Село и пожарите во населените места Забрчани и Дупјачани. Имаме сознанија дека подметнувачот на пожарот кај селото Зрзе е фатен, а за потегот пак кај селото Горно Село видени се сторителите како намерно палат и потоа истите избегале со теренско возило“, вели Јосе Јорданоски, командир на одделение во ТППЕ – Прилеп.

Попладнево на Трескавец за да изврши увид во состојбата дојде и Архиепископот на МПЦ-ОА Г.Г. Стефан заедно со Владиката Климент. Владиците освен за состојбата со пожарите се запознаа и со тоа како се одвиваат градежните активности за обнова на опожарените конаци на манастирот. Моментално таму интензивно се гради и според динамиката на работа се очекува тие да бидат завршени идната година.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.