Поларна зима

11.01.2017 | 20:23
Прочитано: 4403
Полошкиот регион – Тетово, Гостивар и Кичево – од утринава се наоѓаат во портокалова фза поради ниските температури. Препораките до граѓаните се да не излегуваат од дома доколку немаат потреба и да носат топла облека.
 
Ниските температури кои денеска достигнаа и до -20 степени и натаму го отежнуваат движењето низ тетовските улици. Наспроти исчистените главни улици и булевари, споредните улички сеуште се под снег и мраз. Како резултат на ова, граѓаните велат дека нивното движење е отежнато.
 
Oд одделението за Ортопедија велат дека откако паднал снегот, бројот на пациенти со скршеници е зголемен за 20 %, а на удар се старите лица и децата. За ваквата состојба, тетовчани, вината ја лоцираат и кај локалните власти, но и кај трговците кои не чистат пред своите објекти.
 
Градот слабо се чисти. Се чистат големите улици, а малите не. Ни граѓаните не ги чистат влезовите - велат граѓаните. 
 
Од Македонија пат и АМСМ апелираат до возачите да поседуваат зимска опрема во возилата, бидејќи иако се исчистени, голем дел од коловозите се уште се влажни со наместа остатоци од снег. За разлика од претходно кога патните правци беа непроодни поради снегот, автопатот Скопје-Тетово е исчистен и се одвива нормално по двете ленти 
 
Според најавите на метеролозите пообилни врнежи од снег ќе има во сабота во западните делови од земјава, а пораст на температурите се очекува дури од петок.

Христијан Баневски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.