Полицискиот синдикат бара од новата Влада подобри услови за полицијата

18.05.2017 | 20:17
Прочитано: 6634
Полицискиот синдикат со цела лепеза барања до новата влада. Со доаѓањето на новиот синдикален лидер во овој синдикат при МВР – на површина јавно се изнесоа и проблемите со кои се соочува полициајата.
 
Небезбедни возила, расипана храна и неисправна вода, лоши услови во касарните, невработување на кандидатите со завршена обука се само дел од проблемите на полициските службеници.  
 
„Дотраеност на објектите во кои се сместени полициските единици и службите, како и неспроведување на законски предвидените обврски за безбедност и здравје при работа, со што се доведува во опасност здравјето на вработените“, изјави Ацо Антовски, претседател на Македонски полициски синдикат.
 
Првиот човек на синдикатот кој дојде на функцијата во фебруари годинава, рече дека за овој период не успеал да воспостави социјален дијалог со раководството на МВР и со техничкиот премиер Димитриев. Антовски нагласи дека синдикатот ќе ги искористи сите законски средства и форми на притисок доколку новата влада не обрне внимание на состојбите. Не ја исклучуваат ниту можноста за штрајк.
 
„Македонскиот полициски синдикат нема да се двоуми да ги искористи сите законски синдикални средства, мерки и активности, притисок и решавање на проблемите, а со цел за остварување на своите синдикални определби и заштита на правата на своите членови“, изјави Ацо Антовски, претседател на Македонски полициски синдикат.
 
Во однос на прашањето дали и синдикатот ќе бара одговорност за оштетените полицајци во крвавиот упад во Собранието, Антовски посочи дека тоа е надлежност на внатрешната контрола која треба да испита како и дали постапувале, а тоа не е надлежност на синдикатот. При тоа додаде дека не препознал членови на синдикатот помеѓу оние вмешани во крвавиот четврток. 

Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.